ДАЛИ ОВА СЕ ПРИЧИНИТЕ? Експертите зборуваат за здравјето на Меркел поради двата напади на треперење! – Слободен печат
ВестиПланета

ДАЛИ ОВА СЕ ПРИЧИНИТЕ? Експертите зборуваат за здравјето на Меркел поради двата напади на треперење!

Не постои причина да се грижите, таа се присети на минатонеделниот инцидент и тоа ја предизвика сегашната ситуација. Тоа е психолошки процес – велат од тимот.

Се чини дека треперењето се случува само кога стои, штом се движи, симптомите се ублажуваат.

По вториот напад на германската канцеларка Ангела Меркел во јавноста, се огласи нејзиниот тим на лекари. Тие велат дека нападот во замокот „Белви“ е предизвикана од нејзиниот страв да не и се повторат претходните епизоди на тремор.

– Не постои причина да се грижите, таа се присети на минатонеделниот инцидент и тоа ја предизвика сегашната ситуација. Тоа е психолошки процес – велат од тимот.

Канцеларката го објасни претходниот напад со дехидрација.

– Оттогаш пијам најмалку три чаши вода, што очигледно ми беше потребно, и сега се чувствувам одлично – рече Меркел.

Неодамна, германската канцеларка брзо едноподруго два пати имаше напади на треперење на официјални настани: првпат за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, а неколку дена подоцна за време на назначувањето на новиот министер за правда во дворецот „Белви“, Берлин.

Оттогаш се шпекулираше за нејзиното здравје, а неколку медиуми побараа од медицинските експерти да ги презентираат можните причини.

– Се чини дека треперењето се случува само кога стои; штом таа се движи, симптомите се ублажуваат – вели д-р Ана Флак за германски „Билд“.

Како можна причина, експертот го наведува т.н. ортостатски тремор, треперење предизвикано од нарушување на циркулацијата при подолго стоење.

Д-р Кристоф Шпехт, експерт за превентивна медицина, се сеќава дека Ангела Меркел имала слични напади и во 2014 и 2017 година.

– Тоа не изгледа како невролошки проблем, би рекол дека треперењето е предизвикано од инфекција, на пример, со воспаление на бубрезите – вели тој.

Тој, сепак, го додава фактот дека канцеларката не делува исцрпено, што е карактеристика на инфекции. Исто така е можно дека ова е несакано дејство на некои лекови – вели овој експерт.

Д-р Хајнц-Вилхелм Есер, интернист, кардиолог и пулмолог, за „Билд“ вели дека е тешко да се постави дијагноза од далечина.

– Причините за нов напад на треперење можат да бидат бројни: дехидрација, хипогликемија, нетрпеливост, но исто така и некои посериозни болести, како што се дијабетес и мултиплекс склероза – вели тој.

Неколку лекари ја исклучија можноста за Паркинсонова болест, бидејќи канцеларката имаше посилно треперење, додека треперењето на Паркинсоновата болест е послабо. Според највисокиот виенски доктор проф. Д-р Мајкл Кимфер, веројатно не е напад на епилепсија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close