Дали навистина ни е потребен додаток на колаген?

unsplash

Колагенот е жив протеин што го сочинува главното „скеле“ на нашата кожа. Тоа е она што на нашата кожа ѝ дава јачина и еластичност и е еден од најважните фактори за мазен, младешки и еластичен изглед на нашата кожа.

Колагенот во основа е состојката што го одржува телото… Колагенот им помага на зглобовите и тетивите, а ги зајакнува и косата, забите и ноктите“, објаснува Лиза Борг, нутриционист.

Звучи добро, нели? Освен, се разбира, како што старееме, способноста на нашето тело да произведе колаген постепено се намалува. И кога телото има малку колаген тој се користи за посуштински „поправки“.

unsplash

Нашите креми за лице можат да помогнат, но не премногу, бидејќи молекулите на колаген се премногу големи за да ги апсорбира нашата кожа во сурова форма. Но сепак можат малку да помогнат. Доколку сакате навистина да направите разлика, обрнете внимание на хидролизираниот колаген или колаген пептиди, тие содржат доволно мали молекули за да навлезат во кожата и да дојдат до подлабоките слоеви на дермисот. Значи, ако користите состојки за нега на кожа кои содржат колаген, треба да се информирате подобро.

Убедливо, најдобриот начин за надополнување на нивото на колаген е да консумираме храна богата со колаген, храна богата со протеини, како говедско месо, јајца, пилешко и риба, или да дополнуваме со високо квалитетни капсули или прашоци од колаген, кои можат да се додадат во храна во течна форма како супи и чорби“, препорачува нутриционистката.

unsplash

Дали има доказ дека додаток на колаген може да го подобри изгледот на нашата кожа?

Одговорот е да. Неколку студии покажаа дека колагенските пептиди или додатоците кои содржат колаген може да помогнат да се „забави“ стареењето на кожата а воедно и намалување на брчките и сувоста на кожата. Тие исто така покажуваат значително зголемување и на самата еластичност на кожата.

Клиничките испитувања што ги разгледував во врска со додатоците на колаген хидроликат, откриа статистички значително зголемување на еластичноста на кожата и подобрување на влажноста на кожата со намалување на загубата на течности без несакани ефекти“, вели Лиза.

unsplash

Од колагенот можете да добиете и секундарни придобивки

Земањето колаген може да ја зголеми јачината на вашите нокти, спречувајќи кршливост… Дополнително, може да го стимулира растот на косата и ноктите. Земањето колаген може да промовира синтеза на мускулни протеини како креатин, како и да го стимулира мускулниот раст после вежбање“, вели дерматологот, д-р Елиф Бенар.

Дали има различни видови колаген, што треба да бараме?

Идентификувани се 29 различни видови колаген, но огромното мнозинство на колаген во човечкото тело е тип 1, 2 или 3. Колаген тип 1 е најчестиот вид на колаген и во голема мера е одговорен за еластичноста и јачината на кожата. Колаген тип 2 е првенствено дистрибуиран во `рскавицата, а колагенот тип 3 е распространет во кожата, крвните садови и внатрешните органи. Кој вид ви е потребен зависи од здравствената цел, но во случај за убавина, вие најдобро е да го изберетен тип 1 или 3“, вели д-р Елиф.

Но, важно е да се знае дека не сите додатоци на колаген се создадени еднакво, затоа пред да купите или да почнете да консумирате додатоци на колаген, најдобро е да се советувате со вашиот лекар или фармацевт.

Instagram
Instagram

Повеќето додатоци на колаген биле подложени на процес на хидролизација, што значи дека производителот го разложил колагенот во пептиди за телото да може да го апсорбира и да го користи“, вели д-р Елиф.

Тоа значи дека колагенот е достапен во различни форми како прашок, таблети и течност. Изборот е прашање на личен избор. Нема значајна разлика меѓу формата на колаген во однос на ефикасноста.

Дали постои оптимална количина на колаген што е потребна на нашето тело?

Ова зависи од тоа колку се исцрпени резервите на колаген во вашето тело и вашата возраст, но генерално, се советува доза од 2,5 – 5 грама дневно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот