Дали ладната вода негативно влијае на дигестивниот систем и здравјето на цревата?

вода
Фото: Unsplash

Додека некои луѓе велат дека пиењето ладна вода освежува, други тврдат дека ладната вода не само што не е пријатна, туку е и лоша за вашето здравје.

Внатрешната телесна температура е околу 36 степени, и затоа, за нормална функција на телото, треба да се пие вода со слична температура.

Кога пиеме ладна вода, нашето тело треба да потроши многу енергија за да ја зголеми температурата на водата која патува до нашите внатрешни органи, оставајќи ни помалку енергија за лекување и ментални функции“, објаснува експертот за традиционална медицина Сахара Роуз, посочувајќи да се конзумира потопла вода, па дури и чај за да се одржат дигестивните процеси во оптимална состојба.

вода девојка пиење лето
Фото: Profimedia

Сепак, има многу малку научни истражувања за придобивките од пиење топла вода, иако за тоа се залагаат многу култури. Но, ладната вода, исто така, може негативно да влијае на дигестивниот систем и да го забави варењето на храната.

„Пиењето ладна вода ги стеснува крвните садови и можеби нема да има ефикасна функција и апсорпција, додека пиењето потопла вода ги проширува крвните садови“, објаснува д-р Ејми Шах.

Шах вели дека треба да се пијат потопли течности независно од годишното време затоа што забележала дека нејзините пациенти кои имале проблеми со варењето на храната покажале значителни промени откако почнале да конзумираат потопли пијалаци.

девојка вода
Фото: Pexels

Лекарите нагласуваат дека најважно е да консумирате соодветна количина вода на ден, да останете хидрирани, а изборот на крајот од денот е секако, ваш.

Можеби вреди да пробате да пиете вода на собна температура или топла вода една или две недели и да видите како ќе се чувствувате.

Извор: MindBodyGreen.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот