Дали голот на Роналдињо од 2002 беше случајност или мајсторија? (ВИДЕО)

фото:twitter.com/MirrorFootball

„Мистеријата“ после 18 години конечно ја реши неговиот тогашен соиграч од најдобрата бразилска репрезентација, Ривалдо.

Роналдињо постигна во текот на кариерата повеќе од 300 голови, но нитуеден не беше така спектакуларен и истовремено толку важен како оној против Англија во 2002.

Поранешниот фудбалер на Гремио, Барселона и Милан во четвртфиналето на Светското првенство го совлада Дејвид Симан од слободен удар од 35 метри, откосо од десната страна при резултат 1:1.

Сите очекуваа центаршут, очигледно Симан повеќе од сите, но топката заврши во горниот лев агол, сите англиски играчи останаа непријатно изненадени.

Многумина сметаат дека Роналдињо случајно го постигна голот со кој му донесе полуфинале на Бразил, но „мистеријата“ после 18 години конечно ја реши неговиот тогашен соиграч, Ривалдо.

– Тој гол го изненади Симан, мене и целиот свет. Никогаш не помислив дека некој тоа би го направил. После натпреварот, Роналдињо ми рече дека Симан има навика да направи два-три чекори напред кога имаше слободни удари, и тој тоа веќе го знаеше. Се обиде да го изненади. За Роналдињо нема невозможни задачи. Го покажа тоа, со тој гол со десната нога од тешка позиција од која полесно би реализирал играч со левата нога – рече Ривалдо.

Бразил токму во Јапонија и Јужна Кореја дојде до петтата светска шампионска титула со максимални седум победи.

Роналдињо беше избран во идеалниот тим на Мундијалот, заедно со сонародниците Роберто Карлос, Ривалдо и најдобриот стрелец на СП, Роналдо со осум голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот