Дали АНТИБАКТЕРИСКИТЕ ГЕЛОВИ за суво миење раце се навистина толку ефикасни како на рекламите?

антибактериски гел
Фото Профимедиа

Геловите за суво миење раце се многу популарни и практични, особено кога нема услови да ги измиеме рацете со сапун и вода.

Според истражување на Универзитетот во Кјото, вирусот кој ќе дојде на дланките на пример со кивање, останува „жив“ и до 3 минути по миењето раце со антибактериски гел.

Волонтерите кои учествувале во истражувањето дозволиле на дланките да им биде нанесен вирус на грип, потоа со антибактериски гел ги измиле рацете. Дури и по две минути, тестот покажал присуство на вирусот. Тој исчезнал дури по четири минути.

Со ова, може да се заклучи дека праксата да ги измиеме рацете со гелот и потоа веднаш да допреме храна и нема некое значајно дејство. Всушност, можеби и треба да ја повториме процедурата за неколку минути за да бидеме сигурни дека најголемиот процент од бактериите исчезнале.

Санитарните гелови за суво миење раце се ефикасни за поголемиот дел од бактериите, но ако сте кивнале во дланката, тогаш треба барем 30 секунди да триете, за да може алкохолот да делува врз микробите.

Заклучокот е дека не треба целосно да се потпирате врз ефикасноста на антибактерискиот гел. Со оглед на тоа што доаѓаат ладни денови, кога заразите се позастапени, секогаш кога можете измијте ги рацете со вода и сапун, а гелот користете го кога навистина е итно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот