Далглиш пуштен од болница по позитивниот тест на корона

твитер

Легендата на Ливерпул, Кени Далглиш, е пуштен од болница откако тестот покажа дека е позитивен на коронавируст, јавува Би-Би-Си.

Далглиш во средата е примен во болница поради инфекција за која беше потребно интравенозно примање на антибиотици.

Иако не покажувал симптоми, за секој случај е тестиран на коронавирус, а резултатот покажал дека е позитивен на ковид-19.
Денеска тој е пуштен дома каде ќе се опоравува во самоизолација.

Луѓето мислат дека поради своето име добив најдобра можна нега, но секој пациент ја добива најдобрата нега. Среќни сме што имаме вакво здравство и им посакувам се најдобро на медицинските работници кои деноноќно се грижат за своите пацинети – изјави Далглиш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот