Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ ја вжешти расправата за избор на уставни судии

Дафина Јованоска-Стојановска
Дафина Јованоска-Стојановска / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ ја вжешти расправата на Комисијата за избор на уставни судии. Таа на висдок тон и се обрати на пратеничка од СДСМ која претходно на прес конференција излезе со став за кандидатите за уставни судии предложени од ВМРО-ДПМНЕ.

На прес конференција ги исплукавте нашите кандидати за предлози за уставни судии и вие ќе зборувате за режим. Како не ви е срам. Нели се сеќавате дека со мнозинство беше избрана поранешната пратеничка од СДСМ Весна Бендевска во Комисијата за антидискриминација, а сега на прес конференција плукате дека сме предложиле поранешна наша пратеничка за уставен судија, рече Стојаноска.

И по поединечно гласање, на предлог на Стојаноска, не помина предлогот на Милошоски за јавно претставување на кандидатите за уставни судии.

Падна предлог Комисијата да одржува писебни седници за сите предложени кандидати за уставни судии за да може пратениците да им постават прашања и да нема сомнеж и дамки во јавноста кога ќе бидат избрани за уставни судии.

По процедуралните забелешки од ВМРО-ДПМНЕ претседателката на Комисијата Марија Георгиевска објави пауза за да се договорат како ќе продолжи со работа комисијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот