Да се има домашен миленик значи да се вложи во сопственото физичко и ментално здравје

миленици

Да се чуваат домашни миленици значи позитивно влијание на многу аспекти од живеењето. Но, дали знаевте дека тие дури можат и да ви бидат причината за подолг живот? Бројни истражувања откриваат корелација помеѓу чување мачка/куче и долговечност.

Еве четири причини поради кои вреди да имате домашен миленик:

Подобро здравје и крвна слика

Според студијата објавена во 2019 во списанието „Circulation“, сопствениците на кучиња подобро и побрзо закрепнуваат од срцев или мозочен удар, особено ако се сами.

„Да се има куче значи и да се биде телесно активен и со зголемена социјална раздвиженост, а доколку се случи некаков кардиоваскуларен проблем, миленикот значително може да ја подобри состојбата на сопственикот“ – велат авторите на студијата.

Помал ризик од смрт

Сопствениците на кучиња имаат 65% смален ризик од потенцијален срцев удар.

„Ова не се однесува само на сопствениците на кучиња. Според „Journal of Vascular and Interventional Neurology“, откриено е дека и сопствениците на мачки имаат помал ризик од срцев или мозочен удар. Освен кардиоваскуларната добросостојба, студијата открива дека луѓето што чуваат кучиња, можат да се пофалат со 24% помал ризик од смрт од било која причина, во споредба со оние кои немаат домашен миленик.

Помалку стрес и депресија

Една од предностите околу нашите крзнени пријатели е позитивното влијание врз нашето ментално здравје. Кога поминуваме време со нив, мозокот ослободува хормон на среќа, значи окситоцин, серотонин и допамин. Освен што помагаат да се чувствуваме добро, го смалуваат и хормонот на стресот – кортизол, вели Американското здружение за срце.

Многу телесни вежби

Сепак, она што е најважно и придонесува најмногу кон сите овие придобивки е – движењето. Да се има куче, значи секојдневно да се шета.

Секојдневните прошетки од 20 до 30 минути дневно значат задоволително ниво на активност за подобрување на општото кардиоваскуларно здравје кај луѓето. Освен што подобруваат кондиција, помагаат и во симнување на висок притисок и холестерол – пренесува „Index.hr“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот