Да ги бодриме македонските кошаркари, слободен влез за натпреварот против Словачка

Најдобрите македонски кошаркари во СРЦ „Кале“ ќе бркаат победа над Словачка/Фото: kfsm.mk

По вчерашната победа над Данска на стартот од претквалификациите за пласман на Европското првенство 2025, избраниците на селекторот Александар Јончевски веќе се фокусирани на вториот натпревар за два дена во нашиот главен град.

„Магијата“ на Ненад Димитријевиќ од Нествед не остана незабележа и на официјалниот сајт на ФИБА на кој се врти неговата тројка до преку половина терен.

Следен противник на македонската сениорска репрезентација е Словачка, мечот ќе се игра в недела (28 август) во СРЦ „Кале“ – Скопје од 19.00 часот, а кошаркарската федерација одлучи влезот да биде слободен за сите љубители на кошарката и спортот.

Словаците во рамките од нашата група „Д“ во првото коло претрпе висок пораз на домашен терен од Норвешка со резултат 68:87.

Затоа сите заедно, да им помогнеме на момците да дојдат до уште еден важен триумф во битката за учество на Евробаскетот. Во недела навечер, сите сме во „Кале“!

Претквалификации за ЕП 2025

ГРУПА „Д“

Данска – Македонија 70:73

Словачка – Норвешка 68:87

ТАБЕЛА

1.Норвешка 1 1 0 87:68 2 бодови

2.Македонија 1 1 0 73:70 2

3.Данска 1 0 1 70:73 1

4.Словачка 1 0 1 68:87 1

ИДНО КОЛО (28 август)

19.00 часот: Македонија – Словачка

18.00 часот: Норвешка – Данска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот