Д-р Лазаров со иницијатива: Се откажуваме од 30 денари по вакциниран пациент, средствата да се пренаменат за болни сограѓани

Ненад Лазаров
Ненад Лазаров/ колаж на СП

Доктор Ненад Лазаров на својот фејсбук профил, ги покани колегите да се приклучат кон иницијатовата под мотото „Не ни треба стимулација, туку вреднување на трудот“ и вели дека се откажуваат од 30 денари по вакциниран пациент, но бараат тие средства да бидат донирани за лекување на сограѓани.

-Ниеден пациент не сум разубедил, а сум настапувал аргументирано. Ако не сака, не сака. Првото нешто што ќе ми го каже е ,,јас да се вакцинирам, а ти да кркаш 30 денари по пациент”. Не понижуваат, ни велат да потпишеме дека нема да им се случи нешто од вакцината. Како да му сугерирам некому да се вакцинира, навистина не ми е јасно. Како „Топ шоп“ телеоператори треба да бидеме наместо лекари. Не знам како би убедил некого да се вакцинира, од тие што се разубедени дека не сакаат, освен со рестрикции и ограничен пристап до јавни сервиси. Не сакаат најчесто од небулозни причини, а после кога ќе дојдат болни да ги лекувам, се каат, порача претходно доктор Лазаров.

Според него не е во ред здравствените власти на матичните лекари да им ја префрлаат топката за неуспешно спроведената вакцинална кампања.

Матичните лекари пред професионално понижување: „Јас ќе се вакцинирам, за ти докторе да кркаш”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот