Д-р Дре и неговата сопруга Никол Јанг се разделуваат: Развод од „пеколот“ и алиментација од два милиони месечно

Instagram

Откако ова лето беше објавено дека раперот д-р Дре и неговата сопруга Никол Јанг по 24 години решиле да стават крај на својот брак, сега се појавија деталите за овој, се чини „пеколен“ развод.

Никол, која поднесе барање за развод, од музичарот чие богатство се проценува на 800 милиони долари побарала алиментација во износ од два милиони американски долари месечно.

Instagram
Instagram

Како што пренесуваат странските медиуми, Јанг побарала пристап до неговите деловни документи, но Дре го одбил тоа барање.

Тој се обидува да ја среди ситуацијата и да се извлече од сè. Тој сака да ја остави скоро со ништо“, изјави нејзиниот адвокат за „Daily Mail“.

Instagram
Instagram

Имено, Д-р Дре тврдел дека, според предбрачниот договор што го потпишале во 1996 година, неговите работни обврски биле само негова работа.

Никол не беше вработена за време на нивниот брак, кој траеше 24 години, туку беше дома и се грижеше за децата. За време на бракот, нивниот имот порасна на скоро милијарда долари, а тој сега не сака да ѝ даде ништо“, објасни нејзиниот адвокат.

Instagram
Instagram

Никол и Дре се венчаа во 1996 година. Тие заедно имаат две деца, синот Труси и ќерката Трули, а Дре покрај нив има уште пет деца со други жени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот