Цукерберг го „претрка“ Бафет: Додека акциите на „Фејсбук“ скокаа, „Беркшир Хатавеј“ изгуби 50 милијарди долари

Марк Закерберг

Корона кризата речиси во цел свет ги „заплетка конците“, па дури и на славниот и искусен инвеститор Марк Цукерберг како и на Ворен Бафет.

Некој е победник, а некој губитник, но сега на сите им е јасно дека технолошките компании „најдобро поминаа“, бидејќи се фокусирани на онлајн свет, гејминг, забава, социјални медиуми.

Еден од оние кои претрпија голем број економски удари секако е Ворен Бафет, чија компанија „Беркшир Хатавеј“ ги придаде своите акции на четири најголеми американски авио компании, и остана „покуса“ за 50 милијарди долари.

Од друга страна пак, основачот на „Фејсбук“, Марк Цукерберг, не е загрозен од корона кризата, па за време на карантинот акциите на популарната социјална мрежа пораснаа.

Според индексот на „Блумберг“, Цукерберг зад себе сега ги остави не само Бафет, туку и Бернар Арно, претседател и извршен директор на Луи Витон.

Најновите листи го велат следново: Нето вредноста на Марк Цукерберг во моментов изнесува 87,8 милијарди долари, потоа е Арно со 81,1 милијарда, и на крајот е Бафет со 68,9 милијарди долари.

Пред само една година, ситуацијата беше поразлична. Најмладиот од тројцата имаше богатство од 72,5 милијарди долари. Арно располагаше со 89,6 милијарди, а Бафет со 83,5 милијарди долари. Всушност до пред еден месец и Арно и Бафет подобро котираа од Цукерберг.

Цукерберг во април имаше 68,1 милијарда, а Бафет 74,3 милијарди долари. Арно беше со 80,2 милијарди.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот