„Црвено-црните“ го потврдија трансферот на Гурбиндо: Вардар е тим што е во самиот европски врв

Вардар ќе ја наплати „слободата“ на Гурбиндо/фото: EPA-EFE/MADS DALEGAARD

Екипата на Вардар1961 го потврди трансферот на Шпанецот Едуардо Гурбиндо кој сега му е сограч на Кирил Лазаров. Гурбиндо во „црвено-црниот“ тим ќе пристигне по завршување на сезоната и ќе биде еден од главните адути на Вардар во идната сезона.

Тој вели дека најмногу му се допаднало што клубот сакал многу да го ангажира.

– Видов дека има интерес од клубот за мене, и тоа беше еден клучен момент. Јас сум во Франција веќе 5 години и мислам дека е време за промена. Секогаш барам нов предизвик, нови цели, нешто ново да се научи. Мислам дека е ова добра шанса да се дојде во клуб како Вардар, и ќе останам тука три години доволно време да се вклопам во тимот и да постигнеме резултати. Знам дека и претседателот е амбициозен, тој ми кажа дека сака да победува. И јас сум ист менталитет, секогаш сакам да победувам на секој меч. Тоа ќе биде добар предизвик за мене. Исто така и мојата сопруга е од Македонија и ова е шанса да се научи јазикот за во иднина. Мислам дека ова е добра, но и комплетна одлука. Не само за мене, туку и за семејството. Мислам дека добро ќе се снајдеме во Скопје.Одлуката беше целосно моја, се разбира заедно со семејството. Не ми требаше ништо повеќе да знам за Вардар и Скопје. Не само за екипата, туку и за градот и земјата. Знам се што треба да знам за Вардар, од услови, од сала, град.. Тоа ми беше сосема доволно – вели Гурбиндо.

Тој доаѓа во време кога тимот се засилува и секако амбициите и апетитите се зголемуваат.
– Не ја знам целосно екипата за в година, но знам дека се создава силен тим. Затоа и бев среќен. Претседателот е амбициозен, и јас сум. Следната сезона треба да биде добра. Секако ќе ми треба малку време да се приспособам на екипата, на јазикот, но сум убеден дека таа адаптација ќе биде кратка и се ќе биде добро.

За следната сезона најважно ќе биде што побрзо да се адаптира.
– Вардар е тим што е во самиот врв, каде секако ќе бидеме конкуренти на секое поле, на секој натпревар. Имаме повеќе различни првенства каде ќе треба да се натпреваруваме и да победуваме. Секогаш велам дека е компликувано да се зборува за во иднина, но сакам да играм за да победувам. Мојата прва цел е да бидат со тимот, а потоа да ги потврдам и да ги подобрам моите перформанси. Се надевам дека ќе успеам во тоа. Секако дека сакам да бидеме и на Ф4. Мојата замисла за во иднина е секако тоа. Сигурно ќе ми помогне тоа што во Вардар веќе имаше еден систем на кој и ја сум навикнат. Гледав и некои натпревари, но секако треба да разговарам со тренерот да видам како тоа се функционира. Потоа и со играчите, тие ќе бидат мои соиграчи. Не се плашам од било каква новост, прифаќам секаков предизвик. Сигурно ќе се адаптирам на се што ме очекува тука, и со нетрпение очекувам да почнам – вели Гурбиндо за официјалната страница на РК Вардар 1961.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот