Циркус: Конте по крајот на сезоната ги нападна челниците на Интер

Конте се наоѓа пред враќање во Премиер лигата каде од 2016 до 2018 година седеше на клупата на Челси/ фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Поранешниот италијански селектор смета дека клубот не ги заштити него и играчите и дека не ја ценат доволно неговата работа.

Со Антонио Конте никогаш не е досадно, неговиот Интер заврши на второто место во Серија А со само еден бод заостаток зад шампионот Јувентус кој титулата ја обезбеди пред неколку кола, но тој повторно не е задоволен.
Интер оваа сезона ја намали разликата во одност на претходната кога завршија со 20 бода помалку од Јувентус.

– Секоја чест на играчите, напредувавме, но мораме да бидеме паметни и да не славиме бидејќи разликата помеѓу нас и Јувентус е огромна. Ние примивме најмалку голови, но тие и понатаму се најсилни. Имаат инфраструктура на теренот и надвор од него, а ние се обидуваме да го направиме истото – вели Конте кој веднаш го нападна сопствениот клуб.

– Лично не сум задоволен. Мислам дека мојата работа не е признаена како ни работата на фудбалерите, не сме заштитени од клубот. Мораме да разговараме за тоа, морам да се видам со претседателот кој се наоѓа во Кина
– смета тренерот на „нероаѕурите“.

Конте вели дека неговата разочараност не е поради трансферите. Тој сезонава неколку пати влезе во вербална војна со спортскиот директор Џузепе Бебе Марота бидејќи не сака да ги донесе играчите кои ги бара Конте. Тренерот го сака Артуро Видал на што се противи Марота поради големата плата, а Конте е разочаран што клубот му ги донесе Кристијан Ериксен и Сандро Тонали иако тој е против овие трансфери.
– Имам визија, знам што треба да правам. Не смее да не фаќа еуфорија поради една сезона, но доколку ги правиме истите грешки – ништо нема да направиме – додава Конте.

Несогласувањата на Коте со Марота не се непознати за италијанската јавност, тие двајца имаа јавни полемики и додека беа во Јувентус и медиумите сметаат дека поради тоа тренерот си замина од Торино. Конте исто така водеше своја „војна“ со најмоќната жена во светот на фудбалот, Марина Грановскаја во Челси, и по само две сезони мораше да си замине од „Стемфорд бриџ“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот