Централните банки заеднички го испитуваат воведувањето на криптовалути
Студиската група ја сочинуваат Европската централна банка, Банката на Јапонија, Банката на Канада, Банката на Англија, Шведската Риксбанк и Швајцарската национална банка.
Најголемите централни банки во светот ги здружија силите за да истражуваат дали треба да издаваат криптовалути, поради тоа што се намалува употребата на готовина и се повеќе луѓе се насочуваат кон електронските форми на плаќање. Студиската група ја сочинуваат Европската централна банка, Банката на Јапонија, Банката на Канада, Банката на Англија, Шведската Риксбанк и Швајцарската национална банка.
Препорачано
Тие најавија дека ќе го проценат потенцијалот за воведување дигитални валути во нивните матични земји, пренесува АП.
Шведската централна банка ја проучува оваа работа веќе неколку години и нарачува пилот-проект бидејќи употребата на пари во таа земја опаѓа. Досега, таа не донесе никаква одлука.
Постоечките дигитални валути како биткоинот не се погодни за плаќање затоа што нивната вредност нагло се менува. Фејсбук започна проект со „Либра“ на таканаречениот „стејблкоин“ – ценовно стабилна дигитална валута поврзана за реалните постојни валути. Неколку големи партнери го напуштија здружението за да ја следат „Либра“ бидејќи се соочија со притисок од регулаторите, додава АП.


