Центарот за јавно здравје Куманово регистрира 18 нови заразени, двајца пациенти починаа

Од почетокот на пандемијата во кумановско-липковскиот регион дијагностицирани се 1.312, а во моментов се активни 301 случај.

Центарот за јавно здравје Куманово во последните 24 часа евидентира 18 новозаболени лица од Ковид-19,  17 од Куманово и еден од Липково, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа. Починати се двајца пациенти, на  64 и 72  години, во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

– Меѓу новозаболените има тројца здравствени работници, две медицински сестри од болницата и еден лекар кој работи во Скопје. Останатите се контакти на веќе заболени лица, изјави д-р Ариф Љатифи, директор на Центарот.

Денеска се направени 38 тестирања, од кои 20 по „Мој термин” и 18 епидемиолошки тестови.

Од почетокот на пандемијата во кумановско-липковскиот регион дијагностицирани се 1.312, а во моментов се активни 301 случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот