Царовска: Роковите да домашните платежни картички не може да се променат

– Платежните картички нема да пропаднат но рокот за користење на средствата ќе биде пократок. Во моментов Владата нема моќ да ги промени роковите утврдени со Уредба со законска сила, вели вицепремиерката Царовска.

Приговорите за домашните платежни картички нема да пропаднат, граѓаните ќе ги остварат своите права, но периодот на трошење на средствата ќе биде пократок ако не се изнајде друго решение, соопшти вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска.

Одговорајќи на новинарско прашање, Царовска објасни дека во моментов Владата нема моќ да ги продолжи роковите за користење на картичките зашто тие се дефинирани во уредби со законска сила.

Вицепремиерката нагласи дека се очекува поскоро формирање на владата и парламентарниот состав, за да може да се донесе и четвртиот пакет мерки за економска поддршка.

Заклучно со 25 јули се издадени над 300.000 домашни платежни картички. Сите приговори се обработени и од вкупно поднесените 46.000, прифатени се 9.200.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот