Царовска: На 44.940 вработени им се зголемиле платите

фото: Слободен печат/Д. Митрески

Просечно зголемување на платите во ноември било 4.100 денари, а од Буџетот за субвенционирање на придонесите биле дадени 77.573.565 денари.

Резултатите од мерката за субвенционирање на придонеси дава одлични реузлтати. Ова го потенцираше министерката за труд и социјална политика Мила Цароска на прес-конференцијата која се оддржа во Владата, а на која беа директорката на УЈП, Сања Лукаревска и Ангел Димитров од Огранизацијата на работодавачи.

– Во октомври со исплата во ноември 44.940 вработени во реалниот сектор добија зголемување на плата со оваа мерка која што законски е гарантирана и која што претходно ја најавивме. Со овој Закон работодавачите се ослободени од плаќањето на придонеси за зголемувањето на плата од 600 до 6.000 денари – рече Цароска.

Според неа за ноември овие 44.940 вработени земале просечно зголемување од 4.100 денари. Вкупниот број на вработени во реалниот сектор е околу 490.000, што значи дека 9 проценти од нив добиле зголемување, а за само еден месец е постигната половина од проекцијата од 20 проценти на опфат на сите вработени.

– УЈП и МТСП водеа сметка работодавачите на наједноставен начин да го искористат ова право, при што законските одредби и софтверското решение овозможуваат користење на овие субвенции со само поднесување на МПИН пресметка до УЈП – рече директорката Лукаровска.

Таа додаде дека според извештајот на УЈП, во октомри субвенции на придонеси искористиле 422 работодавачи за 6.584 лица и за субвенциите се платени  6.474.587 денари, додека во ноември  бројките се значително повисоки и оваа мерка ја искористиле 7.613 работодавачи за 44.940 работници за што се субвенционирани придонеси  од 77.573.565 денари.

– Би сакала да потсетам дека земени се во предвид и исплатите за минималната плати, за кои придонесите се плаќаат на најниската основица за пресметка на придонесите. Така,  при зголемување на плата од 12.500 денари на 14.500 денари, иако се пресметуваат и плаќаат за исти придонеси, сепак предвидено е субвенционирање на придонесите за работодавачите, пресметани на разликата за зголемување на платата – вели Лукаревска.

Претседателот на Огранизацијата на работодавачи Ангел Димитров ги охрабрува работодавачите да ја користат оваа мерка.

– Најчесто работодавачите стравуваат дека има некои задни намери. Значи во законот нема дека тие треба да ги задржат работниците по една година, а исто така нема ништо да се случи и доколку ја намалат платата по одреден месец– потенцира Димитров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот