Црвените берзи ги „осиромашија“ и нашите акционери

Токму сега, оние кои имат слободни пари, може многу и да заработат, затоа што може да купат евтини акции, кои подоцна ќе вредат многу повеќе, вели Коста Костадиновски, експерт за финасиски пазари

Особено остар пад на акциите утрово имаше на азиските и на европските берзи, а вчера во црвено затворија и американските. Глобалното движење на берзите се отсликува и на нашата берза, како и на инвестициските фондови кои имаат инвестирано и надвор од земјава.

Коста Костадиновски од „Капитал ассет менаџмент“ за „Слободен печат“ објаснува дека руско-украинскиот спор очекувано донесе пад на глобалните берзите и тоа ќе се рефлектира и на локалните.

– Генерално, има пад на вредноста на сите пласмани, со исклучок на златото и на благородните метали. Најгрубо кажано има раст на фондовите кои вложуваат во таканаречени златни компании, односно комапнии кои произведуваат злато или накит од злато и благородни метали. Секогаш, кога има вави кризни ситиации, вредноста на златото и на благородние метали расте како нешто што обезбедува сигурна вредност – вели Костадиновски.

Тој објаснува дека по првиот удар на берзите, потоа паниката си го прави своето и тие продолжуваат да паѓаат, а потоа следи период на опоравување.

– Да се потестиме, како беше на почетокот на пандемијата. И Македонската берза тогаш имаше голем пад, но потоа цените постепено се стабилизираа и веќе се враќаме на претходната состојба – вели Костадиновски.

Неговата порака како експерт за финасиски пазари е дека токму сега, оние кои имат слободни пари, може многу и да заработат.

– Мудрите пеодинци, приватни или институционални, сега може да дојдат до имот којшто ќе го добијат по многу пониски цени. Има компании чии акции со години не биле со вакви ниски цени. Со стабилизирање на цените, ќе се зголемат и нивните цени. Сите кризи, без исклучок, ако се тргнат емоциите, се добра можност за заработка, секако со критички поглед на тоа што се купува – објаснува Костадиновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот