Црвена звезда го сака македонскиот репрезентативец Димитријевиќ?!

димитријевиќ
Ненад Димитријевиќ се сели во рускиот Уникс Казан/Фото: instagram.com/nenodimitrijevic

Српскиот кошаркарски гигант Црвена звезда е во разговори со нашиот плејмејкер Ненад Димитријевиќ, така барем пренесува италијанскиот новинар Лука Д`Алесандро.

Претседателот на белградскиот клуб, Небојша Човиќ пред неколку недели објави дека Звезда гледа во „дворот“ на Валенсија, а се покажа дека се работи за македонски репрезентативец.

Димитријевиќ во шпанската АЦБ лига имаше просек од 9,4 поени и 4,2 асистенции по меч, а освен во Валенсија, играше и за Хувентуд.

Станува збор за играч кој е висок 190 сантиметри и има 24 години. Тој е стандарден репрезентативец на Македонија.

Останува да видиме дали тој ќе стане новото засилување на Црвена звезда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот