Црвена звезда е заинтересирана за Мејсон Гринвуд?!

фото: EPA-EFE/Peter Powell

Црвена звезда сака дополнително да го засили тимот за групната фаза од Лигата на шампионите, а според англиските медиуми прв пик е Мејсон Гринвуд.

Гринвуд отпадна од првиот тим на Манчестер јунајтед по обвинувањата за сексуално вознемирување. Иако судот оцени дека е невин, младиот Англичанец нема иднина на „Олд Трафорд“.

Останатите клубови од Премиер лигата исто така се скептични околу ангажирањето на 21-годишниот фудбалер, па „Дејли мејл“ пренесува дека српскиот првак Црвена звезда сака да ја искористи таа ситуација.

Италијанскиот Лацио наводно влегол во преговори со Гринвуд, но договорот пропаднал. Се нагласува дека играчот побарал годишна плата од 750.000 евра, што е цифра која белградските „црвено-бели“ можат да ја платат.

Гринвуд помина низ младинската академија на Манчестер јунајтед, а дебитираше за репрезентацијата на Англија во 2020 година, на 19-годишна возраст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот