Credissimo со донација за матурантите од ДСУРЦ „Св. Наум Охридски“
Завршувањето на средното образование е првиот чекор во светот на возрасните и еден од најважните моменти во животот на секој млад човек. Со цел оваа незаборавна вечер да биде совршена за сите, Credissimo обезбеди донација со која целосно ја поддржа и овозможи матурската прослава за учениците од ДСУРЦ „Св. Наум Охридски“ Скопје.
Препорачано
Прославата се одржа на 26 мај во пријатниот амбиент на ресторанот „Лира“, каде што матурантите со многу насмевки, песни и радост го одбележаа крајот на нивното средношколско образование.
„За сите ученици, па така и за нашите, матурата е круна на вложениот труд и симбол за нов почеток. Благодарение на Credissimo, нашите матуранти имаа можност да го прослават својот успех под еднакви услови и со достоинство какво заслужуваат.
Ваквата поддршка на општествено одговорни компании како Кредисимо е од клучно значење во унапредувањето на процесот на инклузија и градење посветла иднина за децата со посебни потреби.“ – рече директорот на ДСУРЦ „Св. Наум Охридски“.
За Credissimo, оваа донација е само мал дел од долгорочната мисија за поддршка на заедницата. Од таму изјавија дека грижата за децата со посебни потреби не треба да биде само на одредени датуми, како што е Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром и слични манифестации, туку да се мисли на нив во текот на целата година, препознавајќи ги нивните реални и секојдневни потреби.
Овозможувањето на достоинствена и среќна матурска вечер е потврда дека секое дете заслужува еднакви можности за радост и славење на своите успеси. Како општествено одговорна компанија Credissimo продолжува да дава поддршка таму каде што е најпотребна и тогаш кога е најважно.


