Чурлинов: Поминав низ тежок период, среќен сум што повторно можам да играм фудбал

фото: ФФМ

Македонската фудбалска А репрезентација ги почна подготовките за новиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 во Германија.

Нашите најдобри фудбалери предводени од селекторот Благоја Милевски на 14 октомври во Прага, Чешка, ќе игра клучен меч против селекцијата на Украина.

Со победа ќе останеме во игра за едно од местата кои водат на континенталниот собир. Се враќа фудбалерот на Барнли, Дарко Чурлинов кој се опоравуваше од здравствените проблеми, односно беше надвор од терените поради сепса и сега е повторно со националниот тим.

– Пред сè, одлично се чувствувам. Одличното е чувството да се биде повторно на теренот, бидејќи поминав низ еден тежок период, и сите знаете во каква ситуација бев. Се чувствувам пресреќно што повторно можам да играм фудбал. Уште посреќно што можам да настапувам за македонската репрезентација. Подготвен сум да играм натпревар, моето кондициско ниво е доволно подготвено за да одиграм натпревар. Тоа не беше така долго, но во последните две недели и официјално можам веќе да играм и на добар пат сум да имам што повеќе минути во клубот. Играв два натпревари за вториот тим на Барнли и се чувствував одлично. Така што отсега па натаму би требало да играм и за првиот тим.

Во репрезентацијата сите сме тука еден за друг. Без разлика против кого играме, ние треба да се фокусираме на нас и знаеме каков квалитет носи нашата репрезентација и тоа треба да го покажеме на теренот каде што ќе се покаже силата. Ќе го анализираме првиот натпревар со Украинците во Скопје, ќе ги видиме грешките. Доколку ние одиграме добро, можеме да играме против секого – рече Чурлинов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот