Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Чупиќ: Важно е што покажавме карактер – имаше моменти кога сами си го комплициравме мечот

Ракометарите на Вардар со победа ја започнаа новата сезона во Европската лига на ЕХФ, совладувајќи го хрватскиот претставник Сесвете во вторникот со резултат 34:29 (19:15).

Иако скопските „црвеno-црни“ на моменти си ја комплицираа играта, на крајот сепак ја потврдија својата класа и ја оправдаа фаворитската улога пред домашната публика.

Публиката во салата „Јане Сандански“ повторно беше „осмиот играч“ и со громогласна поддршка ја испрати првата европска победа оваа сезона.

Тренерот на Вардар 1961, Иван Чупиќ може да биде задоволен од резултатот, но најави дека тимот ќе мора да работи на концентрацијата во одредени делови од натпреварите:

– Имаше моменти кога сами си го комплициравме мечот, но важно е што покажавме карактер и завршивме како што доликува на Вардар – со победа. Оваа победа ни носи самодоверба за натпреварите што следуваат – изјави Чупиќ по мечот.

Во следното коло од групата Ф Вардар на 21 октомври ќе гостува кај францускиот Тулуз, кој на стартот на домашен терен загуби со 30:28 од шведскиот Кристијанштад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот