Чудотворната црна лимонада: Ве прави здрави и ве подмладува, еве како се подготвува!
Ако ве одбива црната боја, имајте на ум дека вкусот е идентично добар како и обичната лимонада. Оваа напивка се прави од само три состојки.
Препорачано
Според многумина, вака подготвената лимонада ќе ви помогне да ги исфрлите насобраните токсини од организмот, како и да се ослободите од масните наслаги околу стомакот.
Главната состојка, која се смета за „магична“ е активниот јаглен. Тој нема вкус, а е многу здрав. Бидејќи помага нашето тело да се ослободи од штетните состојки и да се намали надуеноста. Исто така, експертите истакнуваат дека има способност за намалување на нивото на холестерол и подмладување на кожата.
Активниот јаглен кој се додава во лимонадата нема да го смени нејзиниот вкус, но ќе ја направи поефикасна во исфрлањето на сите штетни материи од телото. Со тоа, ќе придонесете и за подмладување на кожата, подобар изглед на косата, а ќе почнете и побрзо да согорувате масти од телото.
Состојки за црна лимонада:
– 4 чаши филтрирана или вода од шише
– 1/2 шолја сок од лимон (сок од два лимони)
– 1 лажица активен јаглен ( или една таблетка).
Помешајте ги сите состојки. Можете да додадете и повеќе лимон, доколку можете да ја издржите киселоста. Оваа лимонада се служи ладна.


