Чудо од чоколадо: Рецепт за лесен чоколаден колач

Фото: Pexels/ Alexander Dammer

Чоколаден колач со пандишпан и чоколаден фил за кој не е потребно многу време за подготовка. Направете го и ставете го во фрижидер преку ноќ да се зацврсти филот.

За основата

4 јајца
100 гр шеќер
100 гр темно чоколадо
200 гр масло
50 гр обично брашно
1 кесичка прашок за пециво

За филот

500 мл слатка павлака
200 гр темно чоколадо

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Одвојте ги белките од жолчките. Изматете ги жолчките и шеќерот за да добиете пенеста смеса. Додадете ги стопениот путер и чоколадо, потоа брашното и прашокот за пециво. Изматете ги белките и шлагот измешајте го со останатата смеса. Печете во мал плех премачкан со масло околу 20 минути. Додека се пече пандишпанот загрејте ја слатката павлака, но не дозволувајте да зоврие. Тргнете ја од оганот и додатете го ситно сечканото темно чоколадо. Промешајте со жица да се растопи. Треба да добиете темна, мазна и доста течна смеса.

На испечениот пандишпан прелијте го филот и оставете да се излади на собна температура. Префрлете го колачот во фрижидер, да отстои по можност преку ноќ.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот