Чудна изјава на стрелецот на голот за Бугарија: Разочаран сум, сакавме победа

Бугарија доаѓа во Скопје во победничка атмосфера/фото : EPA-EFE/VASSIL DONEV

Стрелецот на голот за Бугарија во дуелот со Македојнија, Кирил Десподов, по натпреварот изјави дека е разочаран што неговите фудбалерите успеале да победат, иако во текот на целиот натпревар беа во подредена улога.

Бугарија и Македонија во Разград одиграа 1:1, а „црвено-жолтите“ доминираа во текот на целиот натпревар, имаа поголем посед на топката (53-47),повеќе точни додавања (356-264) повеќе корнери (5-0), повеќе шутеви (15-3) како и повеќе шутеви во рамките на голот (5-1).

– Да бидам искрен ние од овој натпревар сакавме само победа. И затоа може да кажам дека сум разочаран. Пристапивме на дуелот со желба за триумф, но Македонија беше подобра. Противникот покажа дека има квалитетни фудбалери, а ние во одредени моменти не одговоривме најдобро. Сега ќе треба добро да одиграме и задолжително да дојдеме до победа со Грузија затоа што загубивме два планирани бода од домашен терен – рече Десподов.

Селекторот на Бугарија, Јасен Петров, пак изјави дека неговите фудбалери не одиграле на посакуваното ниво.

– Мислам дека не одигравме на нивото на кое посакувавме. Имавме одредени проблеми, некои играчи потфрлија но факт е дека градиме нова репрезентација. Направивме многу индивидуални грешки на средината од теренот и му дозволивме на противникот да развива игра. Знаевме дека не чека тежок противник, знаевме дека Македонија има селекција која долго ја гради и тоа носи резултати. Ете и голот го примивме по наша грешка и на крај тоа ни ја украде победата. На крајот на краиштата имаме уште пет натпревари во групата. Ние имаме еден бод, и Македонија има еден, така да треба да го дадеме максимумот до крајот и да дојдеме до посакуваното прво место – рече Петров.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот