Усман Дембеле („ПСЖ“)/фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Чудесна година за Усман Дембеле

Францускиот напаѓач Усман Дембеле денеска беше прогласен за најдобар фудбалер во светот во изборот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).

Откако на 22 септември ја освои „Златната топка“ благодарение на импресивната сезона со Пари Сен Жермен, со кој ги освои Лига 1, Купот, Лигата на шампионите и Суперкупот на Европа, Дембеле доби уште едно големо признание – наградата за најдобар фудбалер во светот според ФИФА.

Не е секогаш правило добитниците на „Златната топка“ да ја освојат и оваа награда. Меѓу оние што биле прогласени за најдобри од ФИФА, а никогаш не ја освоиле „Златната топка“, се Роберт Левандовски (двапати) и Винисиус Жуниор минатата година.

Најмногу вакви признанија има Лионел Меси – три, додека Кристијано Роналдо и Роберт Левандовски имаат по две.

Во женска конкуренција, победничка е фудбалерката на Барселона, Аитана Бонмати, која исто така претходно оваа година ја освои „Златната топка“ во организација на „Франс фудбал“.

За најдобар тренер беше прогласен Луис Енрике.

Идеалниот тим на годината го сочинуваат: Донарума – Мендеш, Ван Дајк, Пачо, Хакими – Педри, Витиња, Белингем, Палмер – Дембеле, Јамал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот