Чуден избор на Чилиќ на најдобри тенисери во историјата, без Федерер и Надал

twitter/Tennis World USA

Хрватскиот тенисер направи пет листа најдобри тенисери во историјата, а на неа актуелниот играчи, изненадувачки се наоѓа само Новак Ѓоковиќ.

Според Чилиќ, првиот тенисер на АТП ранг листата, Новак Ѓоковиќ, е подобар од Рожер Федерер и Рафаел Надал и се наоѓа на петтото место.

Тешко ми е да изберам од големата тројка Федерер-Надал-Ѓоковиќ, но се одлучив за Новак. Тој е од нашиот регион и имаме одличен однос – изјави Чилиќ во интервју за хрватски „Јутарњи лист“.

Пред Ѓоковиќ, на четвртото место се наоѓа Горан Иванишевиќ.
Беше клучен за мојата кариера но и за многу млади во Хрватска. Не само за младите тенисери туку за младите спортисти воопшто.

Трета на листата на Чилиќ на најдобри во историјата е Германката Штефи Граф.
Освои се што можеше да се освои. ШШтефи и тениска икона и со неверојатен карактер.

Втор е Род Лејвер,легендарниот австралиски тенисер.
Лејвер доминираше во тежок период, тенисот изгледаше многу поинаку во 1962 година кога ги освои сите четири грен слет титули во една година.

Изненадувачки, за хрватскиот тенисер најдобар во историјата е Бјорн Борг.
Гледав многу негови видеа на интернет, а имав среќа да бидам дел од тимот на Европа на Лејвер купот кога Борг беше капитен. Жалам што прерано ја заврши кариерата, многу тениски експерти ќе ви кажат дека ќе освоеше многу повеќе грен слем титули. Вака остана на 11 титули и тоа беа да игра во Австралија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот