Чонси Билапс за прв пат ќе биде главен тренер, седна на клупата на Портланд
Нов тренер на Портланд треилблејзерс ќе биде актуелниот помошник на Тајрон Лу во ЛА Клиперс и некогашен ол стар бек и НБА шампион, Чонси Билапс.
Екипата на Портланд по елиминацијата од Денвер нагетс во првата рунда од плеј-офот, одлучи да ја раскине деветгодишната соработка со Тери Стотс. Изборот за негов наследник падна на Билапс кој оваа сезона за прв пат дебитира во тренерската улога и тоа како помошник на Тајрон Лу во ЛА Клиперс.
Во Портланд се надеваат дека Билапс ќе им помогне на Демиен Лилард и Си Џеј Меколкум, да направат исчекор и да го однесат Портланд во големото финале. Чонси Билапс имаше фантастична играчка кариера во која беше НБА шампион, беше МВП на финалето (2004), но и светски шампион со репрезентацијата на САД. Има пет настапи на Ол стар натпреварите, а за време на 17-годишната кариера играше за Бостон, Торонто, Денвер, Минесота, Детроит, Њујорк и ЛА Клиперс.
Во изборот за нов тренер на Портланд покрај Билапс беа уште и Беки Хемон која е помошничка на Грег Попович во Сан Антонио спарс.
Trail Blazers are hiring Chauncey Billups as their new head coach, per @ShamsCharania pic.twitter.com/i56pV4wziC
— Bleacher Report (@BleacherReport) June 26, 2021