Чоколаден капучино колач со јагоди

Состојки:

300 грама чоколада за готвење

6 јајца

100 грама кафеав шеќер

100 грама бел шеќер

25 грама капучино во прав со вкус на чоколада

2 лажици брашно

Дополнителни состојки:

200-30 грама јагоди

250 мл шлаг

шеќер во прав

Подготовка:

Тркалезниот плех за печење со димензии од 26 см, обложете го со хартија за печење. Загрејте ја рерната на 180 степени. Одделете ги жолчките од белките. Белките одделно изматете ги без додаток на шеќер. Растопете ја чоколадата за готвење. Жолчките со додатокот на двата вида шеќер матете ги околу 5 минути. Внимателно сипете ја смесата во изматените белки, па додајте ги растопената чоколада, брашното и капучиното. Сè соединете рачно, со жица за матење. Подготвената смеса истурете ја во плехот и ставете ја во загреана рерна да се пече. Печете 30 минути, извадете ја и оставете колачот целосно да се излади во плехот. Да не ве буни, колачот ќе биде „влажен“ однатре, со релативно крцкава кора однадвор, слично на браунис. Изладениот колач пресечете го во посакуваните форми, обилно посипете го со шеќер во прав и сервирајте го со шлаг и со свежи јагоди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот