Чифлиганец продолжува да го зголемува својот удел во Комерцијална банка

Во соопштението објавено на Македонска берза, Комерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста дека во изминатиот период преку берзански трансакции правното лице „Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт – Импорт Скопје“ се стекна со 2.583 обични акции издадени од Банката.

Фирмата која ја поседува Ванчо Чифлиганец веќе поседува вкупно 260.466 обични акции, односно ќе има учество од 11,43% во основната главнина на Комерцијална банка АД Скопје, а тоа станува и најголем акционер во банката.

Вкупниот број на акции во моментов изнесува 2.279.067 обични акции со право на глас, а вредноста на една акција изнесува 6.570,29 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот