Чифлиганец вели дека ја купува Топлификација за да не ја земат странци

Фото: „Адора инженеринг“

Бизнисменот Ванчо Чифлиганец во соопштение ја повика јавноста „да се воздржи од обвинувања спрема мојата компанија, односно моето семејство“, по веста дека неговата компанија ја купува скопска Топлификација за 9,3 милиони евра.

Акционери во Топлификација тврдат дека таа е трипати повредна од износот што ќе го плати Чифлиганец, доколку утре Собранието на доверители на задолжената компанија ја одобри зделката.

„Нашата идеја беше исклучиво мотивирана од желбата овој бизнис да биде во домашни раце. Адора инженеринг е прв правен субјект досега што реално платила за овој бизнис. Односно топланите во градот Скопје се изградени во 60-тите години со тогашни државни пари. Околу 2000-та година, Топлификација АД се приватизира од страна на вработените. Од 2013-та година, друштвото БЕГ Производство ги стопанисува топланите без да има сопственост врз нив, односно ги има под наем. Ние денес, за прв пат од кога постојат, плаќаме 9,3 милиони евра за истите. Адора инженеринг ќе го употреби целото наше менаџерско знаење, искуство и визија да оствари оптимизација, модернизација и заштеди во процесот, што како резултат ќе обезбеди заштеди за граѓаните, а за нас како инвеститори, транспарентна економска исплатливост од бизнисот. За Адора инженеринг, износот на оваа инвестиција не е воопшто занемарувачки, односно успешноста или неуспешноста на истата може да биде од егзестинцијален карактер за компанијата. Овие средства исто така имаат опуртунитетен трошок и постојат многу можности за нивно вложување во останати деловни гранки“, вели Чифлиганец во соопштението.

Така што, го повикувам Собранието на доверители кое што ќе се одржи на 8-ми Октомври, каде што впрочем треба да се одлучува за оваа наша купопродажна понуда, внимателно да ги согледаат сите аспекти, прилики и неприлики и по истото да се произнесат. Доколку Собранието на доверители одлучи дека не е задоволно со понудата, Адора инженеринг е подготвена да ја прифати одлуката на Собранието на доверители, без разлика дали е позитивна или е негативна за најповолниот понудувач, Адора инженеринг“, додава бизнисменот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот