Chevrolet повторно го „убива“ Camaro – Слободен печат
АвтомагазинМагазин

Chevrolet повторно го „убива“ Camaro

Американски Chevrolet би можел повторно да го укине производството на спортскиот модел Camaro.

Chevrolet веќе еднаш го „уби“ Camaro, 2002. година, a изгледа историјата ќе се повтори.

Американските медиуми пренесуваат дека Camaro нема да премине на новата платформа Alpha на General Motors на која се Cadillac CT4 и CT5, што е јасен сигнал дека тој нема да се произведува од 2023. година.

Од Chevrolet ниту ја потврдија, ниту ја демантираа оваа вест, туку се фокусираа на претставување на Camaro LT1 со V8 мотори и често наградуваниот SS.

Меѓутоа, во денешно време кога на производителите им се приоритет модели кои се продаваат, јасно е дека нема место за Camaro.

Од овој модел минатата година во САД се продадени 50.963 едници, па така тој се најде на третото место меѓу популарните „американски мускули“ зад Dodge Challenger (66.716) и Ford Mustang (75.842).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close