Четвртиот Евро-арапски самит денеска почнува во Атина

Во главниот град на Грција стартува четвртиот ЕУ- Арапскиот светски самит под наслов „Стратешко партнерство“, а фокусот ќе биде на економската соработка и инвестициите, особено во областа на енергетиката, трговијата, науката, технологијата и здравството, а ќе учествуваат високи државни претставници како од Европа, така и од арапските земји.

Визијата на самитот, што е под покровителство на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, е да се продолжи со создавањето длабок и детален однос меѓу ЕУ и Арапскиот свет.

На свеченото отворање на дводневниот самит, свои обраќања ќе имаат: премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис, претседателот на Кипар, Никос Анастасиадис, генералниот секретар на лигата на арапските држави, Ахмед Абул Гејт, премиерката на Србија, Ана Брнабиќ , премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, премиерот на Албанија, Еди Рама, заменикот премиер на Палестина, Набил Абурдајне, како и поранешните премиери на Италија и Франција, Масимо Д’Алема и Франсуа Фијон.

Миграциите, климатските промени, економското партнерство меѓу ЕУ и Арапските земји, инвестициите, се дел од темите за кои на различни панели ќе дебатираат учесниците на првиот ден од Самитот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот