Четвртата доза анти-ковид вакцина ги штити постарите луѓе трипати повеќе од третата, покажува израелско истражување

Вакцинација против ковид-19 во Италија
Вакцинација против ковид-19 / Фото: EPA-EFE/DANIEL DAL ZENNARO

Четвртата доза вакцина против коронавирусот која ја примиле луѓе постари од 60 години во Израел, ги прави трипати поотпорни на сериозна форма на болеста од луѓето кои примиле трета доза, соопшти денеска израелското Министерство за здравство, повикувајќи се на прелиминарните резултати од истражувањето на медицинскиот центар Шеба.

Оттаму додаваат дека четвртата доза, или вториот „бустер“, ја удвоил отпорноста на заразување со вирусот во истата старосна група, во споредба со луѓето кои примиле три дози од вакцината, јавува Ројтерс.

Израел овој месец почна со давање на четвртата доза од вакцината на Фајзер/Бионтек на луѓето постари од 60 години.

Кај луѓето кои ја примиле четвртата доза, антителата биле со уште повисоко ниво од оние со примена „бустер“ доза, но според истражувачите, тоа „веројатно“ не е доволно тие да бидат целосно заштитени од заразување со високопреносливиот сој омикрон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот