Колаж: СП. (Охрид - Unsplash / Бојан Богдановски, УНЕСКО / EPA-EFE)

Четворица министри и двајца градоначалници на разговор со претставници на УНЕСКО во Париз, за зачувување на статусот на Охрид

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, министерот за култура и туризам Зоран Љутков, министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќира, денеска и утре ќе престојуваат во дводневна работна посета на Париз, каде ќе разговараат со претставнции на УНЕСКО за зачувување на статусот на Охридскиот регион.

Во рамки на посетата, делегацијата ќе има средби со Калед Ел-Енани, генерален директор на УНЕСКО, како и со други високи претставници на УНЕСКО, соопшти владината прес-служба.

На средбите ќе бидат потенцирани цврстите заложби на Владата за зачувување на статусот на природното и културното наследство на Охридскиот Регион. Исто така, ќе биде истакнато дека државата воспоставува систем за заштита кој гарантира зачувување на интегритетот и автентичноста на Охридскиот Регион како исклучителна универзална вредност.

Делегацијата ќе се осврне и на мерките што Владата ги презема, како и на фактот дека преку надлежните институции се вложуваат максимални напори за спроведување на препораките од реактивните мисии (2020 и 2024) и Стратегискиот план за рехабилитација.

Во рамки на посетата, денеска е планирана средба со Ернесто Отоне, помошник генерален директор на УНЕСКО задолжен за култура, потоа со Конгкер Мохамад Талха, претседател на 43. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО, а утре делегацијата ќе се сретне со Насер бин Хамад Ал Хинзаб, претседател на Извршниот одбор на УНЕСКО.

Извештајот за преземените мерки за заштита на Охрид и Охридското Езеро е официјално доставен до УНЕСКО, пред една недела потврди министерот за култура Зоран Љутков. Тој рече дека одговорот дали Охридскиот регион ќе биде ставен на Листата на светско наследство во опасност се очекува во јуни, на следната сесија на УНЕСКО што ќе се одржи во Јужна Кореја.

Одлуката за статусот на Охридското Езеро ќе се знае во јуни, извештајот испратен до УНЕСКО

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот