Четиридневната работна недела се покажа како целосен хит за татковците

Мажите кои учествуваат во најголемиот светски проект за четиридневна работна недела, поминале многу повеќе време со своите деца, велат организаторите.

За шест месеци, почнувајќи од јуни минатата година, околу 2.900 работници во 61 компании во Велика Британија работеа 80 отсто од вообичаеното работно време – за истата плата со ветување дека ќе го дадат својот максимум во функција.

Ова се, стои во репортажата на Си -Ен -Ен, најголем број компании кои некогаш учествувале во вакво истражување, според податоците на организаторот 4 -дневна недела Глобал.

Околу 1.238 работници го пополнија конечното истражување за нивното искуство, а резултатите беа објавени во вторникот. Времето на мажите работници кои ги поминале своите деца – се зголемило за 27 отсто, иако работеле, пренесува Каматица.

Меѓу сите работници, 60 отсто изјавиле дека ја комбинираат својата работа со обврските околу децата, додека 62 отсто рекле дека е полесно да се води социјалниот живот. Иако мажите и жените имаат корист од новиот распоред, „искуството на жените е генерално подобро“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот