Четири најчести причини за габични инфекции и воспаленија

Фото: Профимедиа

Габичното воспаление е едно од најчестите гинеколошки проблеми. Жените честопати се жалат на постојано враќање на воспалението, a не им е јасно зошто тоа се случува. Помалку е познато дека и секојдневните навики можат да придонесат за развој на габичното воспаление.

Присуството на габичка во човечкиот организам е физиолошко и нормално. Родот кандида е дел од физиолошката флора на матката кај до 50 отсто од жените кои немаат никакви симптоми. Постојат повеќе видови на кандида, но далеку најчеста е кандида албиканс (Candida albicans), која се забележува кај 80 до 90 отсто од воспаленијата на матката (вагинитис) и воспаленијата на вулвата (вулвитис), велат гинеколозите.

Кандидата во матката веројатно доспева од дебелото црево, но не секогаш предизвикува воспаление. За кандидата да не предизвика болест, т.е. симптоми, неопходно е околината во матката да биде неоштетена, односно матката да изобилува со физиолошки „добри“ бактерии како што се лактобацили, што обезбедува доволно киселост на матката.

Далеку најчестиот, доминантен симптом на воспаление – вулвовагиналната кандидијаза е чешањето. Се јавува и непријатност, па дури и болка при сексуалниот однос и уринирањето. Секретот е бело-груткаст, како сирење, но исто така, може да биде и проѕирно воденест. Ако постои непријатен мирис, најверојатно станува збор за бактериска или мешана инфекција.

Вулвата е црвена, може да биде отечена и жената да чувствува печење и непријатност, посочуваат гинеколозите.

Фото: Профимедиа

Не постојат единствени мерки што можат да обезбедат заштита од оваа непријатна и честа болест. Но, ако сакате да го намалите ризикот од настанување на воспаление предизвикано од габичката, избегнувајте ги следниве четири секојдневни навики:

  1. Консумирање големи количини храна или пијалациштосодржат квасец или шеќер

Се чини дека е премногу очигледно за да биде вистина, но не е мит: кога консумирате храна што содржи шеќер и квасец, овие супстанции доспеваат во крвотокот, а потоа во матката (вагината). Габичката се храни со шеќерот и скробот. Пивото и виното содржат квасец и шеќер, така што прекумерното консумирање алкохол може да придонесе за развој на габично воспаление.

Ако сте склони кон габични воспаленија, бидете умерени во консумирањето слатки и храна како што се мувлосано сирење, печурки и која било ферментирана храна.

  1. Премногу често земањеантибиотици

Антибиотиците можат да ги убијат бактериите што предизвикуваат болест, но можат да ги уништат и добрите бактерии (Lactobacillus или Bacillus vaginalis – Döderlein bacillus), кои ја одржуваат киселоста на матката, т.е. пХ вредноста на матката е ниска. Кога нема доволно лактобацили, матката не е доволно кисела, така што се зголемува можноста за развој на габично воспаление.

Фото: Профимедиа
  1. Користење одредени видови на контрацепција

Габичнoто воспаление почесто се забележува кај корисничките на хормоналната контрацепција, но и кај трудниците. Во овој случај, се пропишува контрацепција со помала доза на естроген и пробиотици.

  1. Носите премногу тесна и влажна облека

За да предизвика габичката воспаление, околината мора да биде топла, влажна и недоволно кисела. Кога вагината е компресирана, стисната („не дише“), поголема е можноста да се создадат таквите услови.

Синтетичката и другата тесна облека, која е иритирачка и механичка, може да ја зголеми можноста за настанување на габично воспаление. По вежбањето и пливањето, препорачливо е да облечете сува и чиста облека.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот