Четири лица загинаа при сурфање на холандскиот брег

Четири лица го изгубија животот за време на сурфањето на холандскиот брег, информира денеска полицијата во Хаг, јави ДПА.

Утринава од морето биле извлечени две тела, додека другите две беа пронајдени синоќа, појасни агенцијата.

Спасувачките служби со брод и хеликоптер трагаат по уште еден исчезнат сурфер.

Сурферите биле дел од група која била зафатена од силен ветер и струи на брегот крај Шевенинген, во близина на Хаг. Седуммина од нив не можеле сами да стигнат до брегот и морале да бидат спасени од службите за итни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот