Чешка го прогласи Холодомор од 1930-тите за геноцид врз украинскиот народ
Чешка денеска го прогласи Холодоморот, масовен глад во Украина во 1932-1933 година, предизвикана од тогашниот советси лидер Јосиф Сталин, за геноцид врз украинскиот народ.
Препорачано
Холодоморот уби четири милиони луѓе како директен резултат на советската политика во сталинистичката ера, пишува во резолуцијата усвоена едногласно во чешкиот парламент.
Чешка ги признава настаните како „вештачки предизвикана глад“ и „шокантни геноцидни злосторства против украинскиот народ и човештвото“, се вели во резолуцијата. Овој потег е дополнителна демонстрација на солидарноста на чешката влада со Украина, пишува Еуроњуз.
ВИДЕО | Холодомор: Масовно убиство со глад во Украина за кое се молчи
Односот меѓу Чешка и Русија
Односите на Чешка со Русија се влошија од почетокот на инвазијата на Украина, а Прага неодамна протера руски дипломат од земјата, тврдејќи дека шпионирал.
Прага исто така му помогна на Киев со оружје и хуманитарна помош.
Чешките пратеници го осудија Холодморот и пред 15 години, кога настанот беше наречен „дел од монструозен тоталитарен режим“, но денешната резолуција оди чекор подалеку од тоа.
Маркета Пекарова-Адамова, претседателка на Претставничкиот дом на чешкиот парламент, рече дека резолуцијата ја коригира историската неправда во светлина на руската инвазија на Украина.


