Челси поради Халанд стави седум фудбалери на трансфер листата

twitter/Borussia Dortmund

„Сините“ изминатото лето започнаа реконструкција на екипата, а клучен потег во истата треба да биде идното лето со ангажманот на Ерлинг Халанд.

Халанд одигра фантастично во 2020 година откако пристигна во Борусија Дортмунд од Салцбург.

Норвежанецот на 32 натпревари постигна 33 гола и имаше и шест асистенции, и очекувано е што ги залуде европските гиганти меѓу кои е и Челси.

„Сините“ од Лондон изминатото лето започнаа реконструкција на екипата со која беа донесене Хаким Зијех, Тимо Вернер, Каи Хаверц, Тијаго Силва, Бен Чилвел, Едуард Менди, а плагот на тортата треба да биде токму Халанд по кого со сите сили ќе тргнат идното лето.

За да дојдат го услугите на Халанд, „сините“ се подготвени да се откажат од дури седум фудбалери.

На листата за отстрел се наоѓаат дефанзивците Антонио Ридигер, Андреас Кристенсен и Маркос Алонсо. Рос Баркли кој е на позајмица во Евертон, најверојатно нема да се враќа на „Стемфорд бриџ“, додека Жоргињо идното лето дефинитивно ќе се врати во Италија. Челси планира да се отараси и од Дени Дринквотер и Виктор Мозес кои играат на позајмица, а доколку нема заинтересирани екипи за нив, тогаш „сините“ планираат да ги исплатат и да ги пуштат да си одат како слободни играчи.

Од друга страна, Ерлинг Халанд со Борусија Дортмунд има договор до 2024 година, но и клаузула според која во 2022 година може да си замине од екипата за само 75 милиони евра. Челси е подготвен да не ја чека 2022 година и идното лето да понуди дури 150 милиони евра само за да дојдат со услугите на фантастичниот Норвежанец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот