Челси планира пет нови засилувања и неочекувано име во нападот за одбрана на европската титула
Европскиот шампион Челси полека почнува да се подготвува за следната сезона и веќе започна да се ослободува од играчите на кои Запакоста, Томори, Мосес и Пантиќ, се на трансфер листата се наоѓаат уште неколку играчи.
Во исто време управата работи и на засилувањата, се планираат пет нови имиња кои треба да бидат гаранција дека Челси ќе биде главен фаворит за одбрана на титулата во ЛШ но и да го нападне трофејот во Премиер лигата.
Главен приоритет е да се најде нов напаѓач бидејќи Тимо Вернер разочара. Најголема желба е Ерлинг Халанд но тешко дека Норвежанецот ќе ја напушти Борусија Дортмунд, посебно доклку Џејдон Санчо се пресели во Манчестер јунајтед.
Поради тоа Томас Тухел пикира друга мета, Жерар Морено од Виљареал. Шпанскиот репрезентативец кој со Виљареал триумфира во Лигата на Европа , побара од клубот да му овозможи да си замине. Морено изминатата сезона постигна 30 голови и имаше 11 асистенции и се очекува Челси по завршување на Европското првенство да упати официјална понуда за него.
Што се однесува до освежување во одбраната, Тухел го бара дефанзивецот на Лестер, Чаглар Сојунџу.
Ашраф Хакими од Интер е невозожна мисија бидејќи дефанзивецот јавно изјави дека кариерата сака да ја продолжи во ПСЖ, а и Челси нема намера да плаќа 80 милиони евра обесштетување.
Исто така на радарот на Тухел се наоѓа и Адама Траоре од Вулверхемптон.
Шт се однесува до засиувањата во средниот ред, „сините“ ќе се обидат да донесат две имиња. Миралем Пјаниќ кој не е во плановите на Роналд Куман во Барселона би пристигнал на позајмица, а Тухел ќе се обиде да го реализира и трансферот на италијанскиот репрезентативец Мануел Локатели од Сасуоло за кого интерес пројавуваат и Милан и Јувентус.
И Пјаниќ и Локатели би биле атернатива за главните организатори на играта Мајсон Маунт и Жоргињо.