Челси го испрати Хадсон-Одои на позајмица во Баер Леверкузен

Калум Хадсон Одои ја продолжува кариерата во Баер од Леверкузен/фото: EPA-EFE/Tim Keeton

Челси официјално го испрати Калум Хадсон-Одои (21) на едногодишна позајмица во редовите на Баер од Леверкузен, објави англискиот клуб.

На последните три премиерлигашки натпревари беше на клупата на резерви во составот на Томас Тухел, но не доби никаква минутажа.

Лондонските „сини“ како што информираат преку својот клупски сајт ја имаат опцијата да го повикаат назад 21-годишниот англиски напаѓач.

Својот дебитантски настап за првиот тим на Челси го имаше во победата над Њукасл во ФА купот во рамките од четвртата рунда во јануари 2018 година.

Оттогаш за сениорската екипа до сега запиша 126 настапи во сите натпреварувања постигнувајќи 16 голови.

Баер не ја започна најдобро сезоната во Бундеслигата, по првите четири кола има три порази и една победа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот