Чави: Еден од најлошите натпревари на Барса во последните две години

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез/фото: EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез беше многу незадоволен од настапот на неговиот тим во поразот од Шахтјор во четвртото коло од групната фаза во фудбалската Лига на шампионите.

Во Хамбург, каде Шахтјор игра како домаќин, украинскиот тим победи со 1:0 со голот на Сикан во 40 минута. Барса и Порто го делат првото место на табелата со девет бодови, Шахтјор има шест, а Антверпен нема бодови.

– Точно е дека сме во тешка ситуација во однос на нашата игра, како ја губиме топката и како напаѓаме. Тежок момент во сезоната, но се случува. Мора да останеме позитивни, но ова е еден од најлошите натпревари во последните две години.

Две години по ред не успеавме да стигнеме до нокаут фазата, а сега пропуштивме одлична можност да го направиме тоа. Ова ни се случи во најлош можен момент. Се разбира, сè уште зависи од нас. Ова е Лигата на шампионите, секој натпревар е важен, не требаше да загубиме против Шахтјор – рече Чави.

Следни за Каталонците се натпреварите во „Ла Лига“ со Алавес дома и Рајо Ваљекано на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски на гости, а на 28 ноември ќе го пречекаат Порто во петтото коло од ЛШ од групата „Х“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот