Чаневски нов голман РК Бутел

фото: РК Бутел

Екипата на РК Бутел во следната сезона ќе влезе со поголеми амбиции бидејќи обезбеди пласман во европските купови, а желбата е и тимот сериозно да се вмеша во битката за трофеите. По ангажманот на Денис Тот од Охрид, суперлигашот денеска го промовира и довчерашниот голман на Е. Пелистер, Градимир Чаневски. Чаневски потпиша четиригодишен договор, а освен во Е. Пелистер, има настапувано и за Металург, Вардар и Вардар Јуниор.

Имав неколку понуди од странство и од Македонија, но понудата од Бутел Скопје беше најдобра за мене. Имавме разговори со сопственикот на клубот и сфатив дека станува збор за амбициозен проект поддржан и воден од одличен кадар. Бутел има добра екипа, хомогена и сите се како еден, а тоа е одличен предуслов. Од тоа што го знам, Бутел е еден од најорганизираните и најпрофесионалните клубови во Македонија. Среќен сум што се враќам во Скопје по пет години поминати во Битола. Сега следува малку одмор, а потоа да се фатиме за работа, затоа што не очекува напорна и интересна сезона – изјави Чаневски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот