Хрватска полиција / Фото: Ал Џазира Балканс / скриншот

Чамец со мигранти се преврти во Хрватска: полицијата најде тело и еден преживеан, другите ги нема

Еден маж загина во Хрватска откако чамец со мигранти се превртел во реката Уна, објави хрватски „Индекс“.

Полицијата, за време на надзор на државната граница, рано утрината слушнала повик за помош од непозната личност од реката Уна, кај градот Хрвацка Костајница, на местото Росуље.

На местото на настанот биле упатени полициски патроли, а биле повикани и други итни служби. Досега е пронајден еден жив маж, како и едно тело на непознат маж.

Утврдено е дека дошло до превртување на чамец со кинески мигранти во кој се наоѓале повеќе луѓе. Полицајците и спасувачите со пловила и со дронови интензивно трагаат по исчезнатите.

Брод се преврте во Либија, 53 мигранти се водат како исчезнати, меѓу нив и две бебиња

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот