Чајот од ова растение е вистинско чудо: Ги чисти дишните патишта, го забрзува метаболизмот, одличен е за бубрезите

pixabay

Чајот од ова растение се користи за ублажување на инфекции и воспалителни процеси во организмот. Содржи минерални соли, растителни влакна и есенцијални масла. Покрај тоа, богато е со витамини А, К, Ц и Б6, а од минералите содржи магнезиум, манган, калиум и железо.

Profimedia
Profimedia

Чајот од босилек помага против болка во мускулите. Спречува болести на дигестивниот систем, а помага и при болести на бубрезите, мочниот меур и во проблеми со мокрење. Одличен е за луѓето кои имаат проблеми со несоница и хроничен замор, главоболка, настинки, грип, бронхитис, астма и спречува разни инфекции.

Чај од босилек за кашлица

Чајот од босилек е погоден за проблеми со респираторниот систем, кашлање и исфрлање на слуз. Воспалението на респираторните органи доведува до кашлање, кое честопати може да биде постојано и непријатно.

Моќта на ова растение може да помогне да се исчистат бронхиите и да помогне во исфрлање на слузта што ги иритира дишните патишта. Чајот од босилек ја смирува кашлицата и постепено, со редовно пиење чај, кашлицата ќе исчезне.unsplash

Инхалација на чај од босилек за синуси

Голем број луѓе честопати имаат проблеми со кивање, синуси и затнат нос, без разлика дали станува збор за алергиска реакција или воспаление.

Чајот од босилек може да го користите и за инхалација. Ставете две лажици сушен босилек во литар врела вода и оставете го да отстои покриен 5 минути. Потоа, започнете да вдишувате со ставање на лицето во позиција над садот за чај, покријте ја главата со крпа и длабоко вдишете.

Возрасните можат да инхалираат неколку минути, а децата само 2-3 минути. Доволно е да се повтори постапката 2 пати во текот на денот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот