Чај од камилица: Корисен лек за телото, но може да предизвика и низа несакани ефекти
Доколку ја чувате кутијата чај од камилица во кујна, можеби треба да размислите да ја ставите и во фиоката каде што ги чувате лековите. Многумина веруваат билните чаеви содржат магични својства, а чајот од камилица навистина е еден од нив.
Препорачано
Чајот од камилица е добар за цела низа работи, од подобрување на спиењето, до дигестивни проблеми, а игра и заштитна улога кога станува збор за здравјето на срцето.
Што е камилица?
Цветот од растението камилица содржи флавоноиди и антиоксиданти, а кога ќе се исушат, може да се користат како природен лековит препарат. Иако е поздрав пијалок од оние кои содржат кофеин, добро е да знаете дека не е за секого.

Анксиозност
Има голем број на луѓе (особено денес) кои страдаат од вознемиреност, па затоа се смета дека анксиозноста, за жал, е најчестиот ментален проблем во светот. За некои луѓе, третманот со лекови не е секогаш најдобра опција, но за среќа има многу алтернативни решенија што вреди да се испробаат. Познато е дека чајот од камилица ги ублажува симптомите промовирајќи квалитетен сон и делува смирувачки.
Го подобрува сонот
Шолја чај од камилица пред спиење и не е толку нова навика. Всушност, веќе со години луѓето кои страдаат од несоница го користат за да си помогнат. Смирувачкиот ефект се должи на фактот дека камилицата содржи антиоксиданс наречен апигенин, а тој поврзува одредени рецептори во мозокот со што се намалува чувството на вознемиреност и го поттикнува спиењето. Една студија ги поврза чајот од камилица, квалитетниот сон и борбата со депресија и покажа дека луѓето кои пиеле чај секоја вечер во рок од две недели спиеле многу подобро од оние кои немаат таква навика.
Дигестивни нарушувања
Овој чај содржи антиинфламаторни и спазмолитични својства, кои ги смируваат дигестивните проблеми. Шолја чај од камилица може да ги ублажи нарушувањата како што менстурални болки, грчеви, проблеми со варењето на храната и надуеност.

Го чува здравјето на срцето
Антиоксидансите кои се наоѓаат во овој чај можат да ги намалат шансите за развој на срцеви заболувања. Се верува, врз основа на претходно спроведени студии, дека камилицата дејствува во регулирање крвниот притисок и холесторолот. Бидејќи помага при стрес, промовира добар сон и ги „релаксира“ крвните садови, редовното пиење на овој чај може да влијае и на контролата на крвниот притисок. Иако овој чај може да помогне во многу ситуации, треба да се напомене дека може да има и контра ефект, односно да го зголеми ризикот од крварење кај луѓе кои користат лекови за разредување на крвта. Затоа внимателно, не консумирајте без претходна консултација со лекар или фармацевт.
Го регулира шеќерот во крвта
Научници од Иран открија дека овој топол пијалок може да има ефект на намалување на нивото на шеќер во крвта, што е секако важно за секој што има дијабетес. Камилицата содржи антиоксиданс наречен кверцетин, кој делува на одредени ензими кои играат важна улога кај дијабетисот.
Иако се потребни повеќе истражувања, едно истражување спроведено на Универзитетот во Табриз анализирало 64 испитаници кои имаат дијабетес тип 2 и се на возраст од 30 до 60 години. Половина од групата пиеле чај од камилица 8 дена со секој оброк, додека другите пиеле вода. Групата што пиела чај од камилица имала значително пониско ниво на шеќер во крвта од другите испитаници.

Иако има премногу здравствени придобивки од камилицата и не е невообичаено што многумина го консумираат, добро е да се знае дека овој чај не е за секого.
Како сè останато, и камилицата може да предизвика несакани ефекти кои вклучуваат алергиски реакции, иритација на чите и повраќање. Ако планирате да ја вклучите оваа билка во вашата дневна рутина, не заборавајте да разговарате за ова со вашиот лекар или фармацевт согласно со вашата здравствена историја.


