Центарската линија на МЗТ Скопје посилна за Србинот Миќовиќ

фото: .aba-liga.com

Српскиот интернационалец кошаркар Страхиња Миќовиќ (30 год, 205 см) е второто странско засилување за МЗТ Скопје Аеродром во летниот преоден рок.

Станува збор за крилен центар со големо искуство во АБА лигата настапувајќи за екипите на Игокеа и за Морнар, од каде што доаѓа во МЗТ Скопје.  Минатата сезона Миќовиќ идигра 38 средби во сите натпреварувања за Морнар од кои на 21 беше во стартната петорка. Претходно, две години играше во Германија за екипите на Мителдојчер и за Телеком Бон.

Пред Миќовиќ, МЗТ Скопје го ангажира Американецот Мајк Кафи, а во тимот останува и Бре Ајви.
Соработката неодамна ја продолжи и капитенот Дамјан Стојановски, а од минатата сезона под договор се Адем Мекиќ, Бојан Крстевски, Дамјан Робев, како и тројцата младинци – Димитар Иванов, Марко Спасовски и Бојан Величковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот